Соиграч на загинатиот голман скокнал од тераса за да си го спаси животот

Во Турција за жал и понатаму се бројат жртви од катастрофалниот земјотрес, во овој момент бројката е над 4.000, помеѓу настраданите има и спортисти.
Голманот на Јени Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан го загуби животот под рушевините, извелечен беше Кристијан Атсу од Хатајаспор, а среќа да се спаси во последните моменти имал 33-годишниот Барис Басдас.
Турчниот роден во Герменија од 2009 година со исклучок на една сезона која ја помина во Хановер е во Турција и беше соиграч со загинатиот Туркаслан. Тој успеал да се спаси така што скокнал од терасата на зградата во која живеел. Се здобил со тешки повреди на ногата, но успеал да си го спаси животот.
Потресно звучи и изјавата на директорот на Малатијаспор, Дамир Ибриќ која вчера ја пренесуваа турските медиуни.
„Ги повредив лигаментите, Барис тешко ја повреди ногата, а сега го бараме Ејуп во неговата зграда“.
Токму во таа зграда беше пронајдено безживотното тело на голманот. Кариерата на Басдас како фудбалер поради тешката повреда и падот од голема висина веројатно е завршена, но во овие моменти на никој во Турција не му е до фудбал.