Соиграч на Алиоски поради расизам казнет осум натпревари!

фото: твитер

Кико Касиља е казнет со осум и 60.000 илјади фунти поради расистички навреди кон фудбалерот на екипата на Чарлтон, Џонатан Леко.

Чарлтон веднаш реагираше поради непримерните постапки на поранешниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља, на натпреварот помеѓу двете екипи одигран во септември минатата година.

Чуварот на мрежата на Лидс јунајтед и воедно соиграч на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Касиља е казнет со осум и 60.000 илјади фунти поради расистички навреди кон фудбалерот на екипата на Чарлтон, Џонатан Леко.

Започна истрага во ноември, играчот на Лидс беше обвинет за прекршоци поврзани со бојата на кожата и етничко потекло, иако тој самиот категорично ги негирал обвинувањата.

Но, голманот беше прогласен за виновен поради расистички навреди кон Леко, но повторно се прогласи за невин.

– Се чувствувам навистина тажно за наводите за наводни расистички навреди на натпреварот против Чарлтон. Целосно се согласувам дека ваквите работи немаат место во спортот, но не мислам дека оваа пресуда јасно го одразува инцидентот – напиша Касиља на „Твитер“.

Клубот повторно категорично ги негираше обвинувањата и го поддржа нивниот фудбалер, кој ќе биде надвор од терените до последните три кола од сезоната.

Лидс моментно е второпласиран во Чемпионшип со нова шанса да се врати во Премиер лигата за првпат од 2004 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот