Софија Ричи стана мајка по вторпат, го откри името на синчето
Познатиот модел и инфлуенсерка Софија Ричи Грејнџ и нејзиниот сопруг Елиот Грејнџ ja објавија среќната вест – раѓањето на нивното второ дете, син кого го крстија Хенри Сесил Грејнџ.
Препорачано
Тaa објави фотографија на Инстаграм, а под фотографијата напиша: „Љубовта на мојот живот“.
На фотографијата, нејзината ќерка Елоиз позира со својот новороден брат. Елоиз Саманта Грејнџ, првото дете на двојката, се роди во мај 2024 година.

Инаку, Софија претходно изјави за „Вог“ колку многу научила за време на својата прва бременост.
– Научив повеќе во последните шест месеци отколку во целиот мој живот. Токму за она за што е способно женското тело – рекла таа тогаш.
Таа, исто така, откри некои детали за подготовката на гардеробата на бебето. Сподели дека зачувала многу од модните парчиња за еден ден да ѝ ги предаде на ќерка си: „Ги чував работите и си помислив: „О, мојата ќерка еден ден ќе го има ова.“
За потсетување, Софија се омажи за Елиот Грејнџ, син на музичкиот могул и извршен директор на „Јуниверзал мјузик“, Лучано Грејнџ.
ФОТО | Софија Ричи го откри полот на второто дете, објави интимни фотографии од прославата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
40мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


