ФОТО | Лајонел Ричи ја омажи помалата ќерка: Сменила три венчаници на „Шанел“, а свадбата ја направиле во луксузен француски хотел

Фото: POTHON / The Photo One / Profimedia

Ќерката на музичката легенда Лајонел Ричи, Софија Ричи стапи во брак со својот партнер Елиот Грејџ на свадбена церемонија во луксузниот француски хотел „du Cap-Eden-Roc“.

Убавата 24-годишна манекенка била облечена во елегантен бел фустан со мониста, кој бил еден од трите фустани на „Шанел“ кои таа ги облекла за време на викендот. Младоженецот (30), кој е музички продуцент, пристигнал во црн смокинг и машна.

Меѓу гостите биле и сестрата на Софија, Никол Ричи и нејзиниот сопруг Џоел Маден. Исто така, на свадбата била присутна и актерката Камерон Дијаз, која е во брак со братот на Џоел Маден – Бенџи Маден.

„Многу сум возбудена. Ќе стапам во брак со Елиот, знам дека можеби звучи излитено, но тој е мажот од моите соништа“, рече Софија Ричи претходно на социјалните медиуми.

Фото: Инстаграм/„Вог“

За време на свадбените подготовки, Софија Ричи соработувала со креативната директорка на модната куќа „Шанел“ – Вирџинија Вијар, со цел да ја оживее својата визија за тоа како сака да ѝ изгледа венчаницата. Иако порано таа сонувала за „изглед на принцеза“, со текот на времето сфатила дека сака нешто поедноставно.

„Фустанот е магичен. Искрено, мислам дека ќе му се допадне на Елиот. Ако не плаче, јас ќе бидам многу тажна“, се пошегувала Софија.

Фото: Инстаграм/„Вог“

Што се однесува до нејзината шминка, таа, исто така, се одлучила за нешто едноставно и елегантно.

„Шминката ќе биде многу едноставна во текот на целиот викенд. Сакам да биде безвременска. Не сакам да се навраќам наназад за 20 години и да ми се гади од изгледот“, објасни таа.

Фото: Инстаграм/„Вог“

На забавата по венчавката, Софија Ричи облекла краток бел фустан со цвет од камелија на предната страна, како што претходно откри.

„Ќе можам да танцувам и да се движам во него. Тоа е традиционален фустан на ‘Шанел’. Ќе јадам пица и помфрит во него. Молете се за овој фустан. Мојата животна мисија ќе биде да се погрижам ништо да не му се случи“, се пошегувала Софија.

Еден ден претходно, парот приреди раскошен дочек во хотел со пет ѕвезди, лоциран на југот на Франција. Распространет на три згради, тој нуди елегантни соби со поглед на дворот и софистициран декор во француски селски стил. Изграден во 1869 година како приватен замок, тој е отворен како хотел во 1889 година и е омилен меѓу светските ѕвезди.

Фото: POTHON / The Photo One / Profimedia

Како потсетување, Софија Ричи и Елиот Грејџ се свршија во април 2022 година, а почнаа да се забавуваат во јануари 2021 година.

„Тие се пријатели со години, а Елиот е близок и со братот на Софија, Мајлс. На Софија ѝ е многу мило што излегува со некој што нејзиното семејство го одобрува и сака“, своевремено изјави извор близок до двојката.

Фото: Инстаграм/Софија Ричи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот