Сочно, едноставно, префинето: Рецепт за неодоливо пилешко од рерна

Фото: - / Digifoodstock / Profimedia

За да подготвите сочни и миризливи пилешки батаци полни со вкус, не ви требаат премногу труд или состојки – само малку трпение за зачините и месото да се врзат во фрижидер.

По маринирањето, батаците се печат во рерна, а како прилог можете да ја послужите вашата омилена салата, пире од компири или карфиол или кој било друг прилог по ваш избор.

За да биде месото вкусно, пред да ги додадете зачините, избришете ги со хартиени крпи за да се отстрани вишокот на влага и полесно да добиете крцкава кора.

Состојки:

8 пилешки батаци
2 супени лажици маслиново масло
1 лажичка морска сол
половина лажичка мелен црн пипер
1 лажичка лук во прав
1 и половина лажичка чадена пиперка
половина лажичка чили во прав
1 лажичка кромид во прав

Подготовка:

Измешајте ги зачините во сад. Исушете ги батаците со хартиени крпи. Ставете ги во пластична кеса која може да се затвори, потоа прелијте со масло и додајте зачини, па затворете ја кесата и тријте додека не се премачка месото. Оставете го во фрижидер три часа, а потоа извадете го половина час пред печењето.

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Обложете го плехот со хартија за печење и подмачкајте го. Ставете го месото на плех за печење.

Ставете ја тавата со месото во загреана рерна и печете 40-45 минути (или подолго, во зависност од дебелината) или додека внатрешната температура не биде 74 степени или повисока, проверете со термометар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот