Собранието ги верификуваше мандатите со 116 гласови „ЗА“, без против и воздржани

Со 116 гласови  „ЗА“ и ниту еден против и воздржан, Собранието ги верификуваше мандатите на 120 пратеници.

Почна конститутивната седница, Со 115 гласови „ЗА“, Шахпаска избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието (ФОТО)

Спикерот Талат Џафери рече дека конститутивната седница ќе продолжи со работа по останатите две точки, откако ќе се создадат услови за тоа. Претходно претседателката на Комисијата за верификација на мандатите, Јагода Шехпаска рече дека врз основа на извештајот на ДИК, Комисијата заклучи дека нема основ за оспорување на ниту еден мандат на 120 пратеници врз основа на изнесеното согласно чл. 13 од собранискиот Деловник.

Верификационата комисија претходно на седница го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени парламентарни избори, одржани 2020 година. Tретата точка од денешната собраниска седница е избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и четвртата точка, избор на претседател на Собранието.

Дваесет и тригодишната студентка Артина Ќазими е најмладата народна избраничка

Апасиев од Левица гласаше воздржано за дневниот ред на конститутивната седница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот