Џафери: Седете во салата дур трае паузата, запознајте се малку меѓу себе

Во салата Голема купола во Собранието на Република Северна Македонија, претседавачот Талат Џафери ја отвори конститутивната седница на новиот парламентарен состав.

Во Собранието денеска на првата конститутивна седница се гласаше за избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Северна Македонија. Со 115 гласови „ЗА“, Јагода Шахпаска е избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието.

Почна конститутивната седница, Со 115 гласови „ЗА“, Шахпаска избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието (ФОТО)

Потоа Џафери даде пауза од 30 минути, за комисијата да ја заврши процедурата, а од пратениците побара од здравствено-безбедносни причини да останат во салата, освен ако имаат итна потреба да излезат.

„Седете во салата дури трае паузата. Не се шетајте, од безбедносни причини, освен ако не морате да излезете за потреба. Седете тука и запознајте се малку меѓу себе”, им рече Џафери на пратениците, но половината од нив веднаш се упатија кон излезот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот