Апасиев од Левица гласаше воздржано за дневниот ред на конститутивната седница

Во прес центарот за новинарите во Собранието, врие како во кошница. Голем број на новинарски екипи се присутни за да ја проследат седницата на десеттиот парламентарен состав која започна со задоцнување од половина час.

Почна конститутивната седница, Со 115 гласови „ЗА“, Шахпаска избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието (ФОТО)

На седницата се присутни 117 пратеници, а за дневниот ред гласаа 116 народни избраници, еден беше воздржан. Според извори на Слободен печат, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, гласаше воздржано. Левица на предвремените парламентарни избори освои двајца пратеници.

Џафери: Седете во салата дур трае паузата, запознајте се малку меѓу себе

Во моментов пратениците се на пауза. Според собранискиот Деловник откако е избрана Верификационата комисија ќе се верификуваат мандатите на 120-те пратеници, по што ќе следи избор на членовите на Комисијта за избори и именувања.

На дневниот ред на седницата се четири точки. Првата е избор на претседател и членови на Верификационата комисијата на Собранието; Втората, верификација на мандатите на пратениците; Tретата, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и четвртата точка, избор на претседател на Собранието.

Како што веќе објавивме, бидејќи нема договорено собраниско мнозинство од 61 пратеник, денеска нема да се избира собраниски спикер.

Спикер денеска нема да се избира

На седницата не се присутни пратениците Мендух Тачи од ДПА, Арбер Адеми од ДУИ кој е болен од коронавирус, и Синиша Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Адеми позитивен на Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот