Министерот Адеми позитивен на Ковид-19

Министерот за образование, Арбер Адеми, објави дека е позитивен на Ковид-19.

-Драги пријатели, роднини и соработници, Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал резултирав позитивен!

Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!, напиша Адеми на фејсбук.

Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, објави дека е позитивен на Ковид-19 и ги повика граѓаните да се придржуваат кон протоколите и мерките за заштита.

Министерот за економија Бектеши позитивен на Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот