Министерот за економија Бектеши позитивен на Ковид-19

фото: Алсат

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

-Драги пријатели, сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19- стои во неговата објава.

Тој повика сите да се придржуваат кон протоколите и мерките за заштита.

-Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик! Здравје и среќа за сите!- пишува Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот