Џејмс Ван Дер Бик со семејството / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Собрани над милион долари за помош на семејството на Џејмс Ван Дер Бик, само еден ден по неговата смрт

Кимберли Ван Дер Бик, вдовица на актерот Џејмс Ван Дер Бик, кој почина од рак на дебелото црево на 48 години, започна акција за собирање пари за своето семејство. Таа наведува дека долгата и скапа битка со болеста ги исцрпила нивните финансии, оставајќи го семејството во несигурна ситуација, пренесуваат странските медиуми.

Ван Дер Бик зад себе ги остави својата долгогодишна сопруга Кимберли и нивните шест деца: ќерките Оливија (15), Анабел (12), Емилија (9) и Гвендолин (7) и синовите Џошуа (13) и Џеремаја (4).

Акцијата за собирање средства (Гоу фанд ми) првично беше поставена на цел од 500.000 долари, но брзо беше надмината за неколку часа откако беше објавена.

Целта потоа беше поместена на милион долари, а донациите моментално изнесуваат над 1.100.000 долари. Поставена е нова цел од 1,3 милиони долари. Над 18.000 поединци донирале за семејството Ван Дер Бик.

Собирањето средства „ќе помогне во покривањето на основните трошоци за живот, плаќањето сметки и поддршката на образованието на децата на Ван Дер Бик“.

ВИДЕО | Џејмс Ван Дер Бик проговори за битката со ракот: Ми ги одзеде сите улоги што ги имав во мојот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот