Со виртуелни валути може да купите автомобил во Хрватска
Хрватската компанија „Кариќ автомобили“ овозможи при набавка на автомобили да се плаќа со криптовалути, како што се Биткоин, Етериум и ГоКрипто токен, пренесува bug.hr.
Препорачано
Компанијата е овластен дистрибутер и сервисер на автомобилите „Фиат“, „Алфа Ромео“ и „Форд“, таа овозможи да се плаќа за нов автомобил со виртуелни пари, со помош на системот за крипто плаќање ГоКрипто (GoCrypto).
Клиентите за да плаќаат со криптовалути, треба едноставно да го скенираат QR-кодот од екранот на благајната од нивниот (поддржан) крипто паричник. Притоа тие имаат флексибилност да изберат со која од овие криптовалути сакаат да платат, а трговецот секогаш на својот екран ќе ја прикаже цената со куни.
Административните такси за трговците при примање на криптовалути со овој систем се пониски отколку во случај на плаќања со дебитни или кредитни картички, и тие се единствената цена на трговецот. ГоКрипто е бесплатен и нема месечна претплата за користење на тој систем, наведува bug.hr.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


