Со собраа екс-вардарците: Дисингер стана баџанак на Карачиќ, Дибиров го избра за кум

Фото: Инстаграм

Поранешниот ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер и официјално стана македонски зет, стапи во брак со Марија Андоновска.

Освен што стана македонски зет, Дисингер е и баџанак со Игор Карачиќ, бидејќи сопругата на Хрватот, Душица е сестра на избраничката на германскиот ракометар.

Така може да се заклучи дека периодот во Вардар со кој станаа и европски шампиони дефинитивно го одбележал нивниот живот. На сето тоа тука е и уште еден екс-вардарец и тоа Тимур Дибиров кој е нивни кум.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Карачиќ денес е член на Кјелце со кој неодамна играше финале во Лигата на шампионите против Магдебург, Дибиров го носи дресот на Загреб, а Дисингер игра за катарскиот Ал Духаил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот