Црвени јајца за Велигден/Фото: Chavdar Lungov Pexels

Со овој трик на нашите баби, ќе ги добиете најубавите црвени велигденски јајца

Најубавите велигденски јајца не се прават од вештачки бои и брзи решенија, туку од едноставни, докажани трикови што некогаш ги користеле нашите баби.

Наместо бледи нијанси и хемиски додатоци, можете да користите природни состојки за да создадете длабока црвена боја со богат, речиси рубински сјај.

Велигденската атмосфера често започнува со мирисот на лушпите од кромид што се готват на шпоретот. Токму во нив се крие тајната на интензивната боја, која домаќинките порано лесно ја постигнувале. Иако многумина денес посегнуваат по бои од ќесичке, старите методи сепак се покажуваат како најефикасни и воедно најздрави.

Клучот за совршената нијанса не е само во лушпите од кромид, туку и во малиот додаток: лажица шеќер и малку оцет. Шеќерот помага бојата рамномерно да се залепи на лушпата, а оцетот осигурува таа да остане постојана и да не избледее. Природните пигменти од кромидот така продираат длабоко во лушпата и создаваат трајна, интензивна боја.

Потребно ви е:

– лушпи од најмалку 10-15 главици кромиди
– 10 до 12 јајца (задолжително извадете ги од фрижидер неколку часа претходно)
– 1 лажица сол
– 1 лажица шеќер
– 50 мл алкохолен оцетж

Начина на вапсање на јајцата:

Постапката е едноставна, но бара малку трпение. Прво, варети ги лушпите од кромид во вода околу 15 минути за да добиете темна, концентрирана течност. Потоа додајте ги јајцата (кои треба да бидат на собна температура), солта, шеќерот и оцетот. Варете ги на средна температура 10-тина минути за да не се испукаат лушпите и за бојата да се развие рамномерно.

Ако сакате уште подлабока, потемна нијанса, во тенџерето можете да додадете една или две ќесички црн чај. Танините од чајот ја збогатуваат бојата и ѝ даваат елегантен, речиси благороден изглед, што е тешко да се постигне со вештачки бои.

Подготовката на јајцата пред варењето е исто така важен чекор. Добра идеја е да ја исчистите лушпата со благ раствор од сода бикарбона, бидејќи тоа ќе ја отстрани секоја нечистотија и ќе овозможи бојата да се залепи рамномерно.

Постои уште еден трик за конечниот изглед: сјај. Оставете ги јајцата целосно да се изладат пред нежно да ги премачкате со малку маснотија. Ова ќе им даде природен сјај што ќе трае неколку дена и ќе ја истакне нивната темноцрвена боја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот