Перење јакна - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Со овој едноставен трик спречете создавање грутки при перењето на перјани јакни

Многу зимски јакни полнети со пердуви доаѓаат со предупредување дека не треба да се перат во машина за перење, бидејќи пердувите може да се слепат во грутки и да го отежнат сушењето. Сепак, постои едноставен трик кој помага јакната да го задржи обликот и обемот дури и по перењето.

Јакната може безбедно да се испере во машина ако заедно со неа се стават три обични тениски топчиња. За време на перењето и сушењето, топчињата спречуваат пердувите да се слепат, па по сушењето јакната останува мека, воздушеста и со својот оригинален изглед.

Ако имате сушара, се препорачува да ја користите заедно со топчињата, но и сушење на воздух со повремено протресување дава многу добри резултати.

При перењето е важно машината да не биде преполнета – најдобро е да се пере само една јакна, бидејќи пердувите при перење се рашируваат и заземаат многу простор во барабанот.

Овој едноставен трик овозможува лесно, безбедно и ефикасно одржување на зимските перјани јакни дома, без грутки од пердуви и без проблеми при сушење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот