Со многу забава, музика, маски и смеа ќе се одбележи 1 април низ Скопје

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во понеделник, на Денот на шегата во неколку скопски општини ќе се организираат забави под маски, традиционалните априлијади, за најмладите жители. Децата во градинките и во училиштата веќе вообичаено маскирани во своите омилени ликови ќе дојдат во образовните институции, а потоа ќе дефилираат по улиците низ населбите, но ќе имаат можност да се придружат и на маскенбалите организирани во нивните општини.

Општина Гази Баба ги повика децата на плоштадот во Автокоманда на први април во 13 часот на, како што велат оттаму, најубавата забава под маски, каде ќе се забавуваат со ликовите од „Светот на Биби“ со песни од фестивалот “Поточиња“ и со други популарни ликови од детските цртани филмови.

И од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека ќе имаат најубав детски маскенбал кој ќе се одржи во реонскиот парк во општината.

Преубавите детски маски, безбројните насмевки и огромната доза на среќа кај дечињата се она коешто нам ни дава елан и сила да го организираме овој преубав настан секоја година и истиот да биде сѐ помасовен. Најголеми „виновници“ за оваа манифестација се основните училишта и градинките во Ѓорче Петров, кои секогаш изненадуваат со мошне инвентивни и интересни маски – вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“, Општина Кисела Вода во понеделник организира маскенбал пред салата Расадник, каде ќе биде ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени младите исполнители од детскиот фестивал „Поточиња“.

Од Кисела Вода велат дека настанот започнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири комисија од општината. Најдобрите маски ќе добијат награди.

Априлијадата во општина Бутел ќе започне во 10.30 часот на плоштадор „Слобода“, каде како што се најавува за сите присутни деца ќе има многу музика, забава, детски претстави и најубави детски маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот