Со мирис на „свеж оган“ ќе се бркаат змиите од Карпош
Во општина Карпош во тек е акција за поставување средство за превенција, односно за заштита од змии на повеќе локации каде е забележана нивната појава. Како што информираат, станува збор за „репелент“, природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на змии.
Препорачано
-Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината. како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар. Од тие причини средството се поставува на неколку локации и тоа на потегот меѓу реката Вардар и булеварот Илиденска, во Трнодол, Жданец и долж Ловќенска 9, како и во училиштата, градинките и детските игралишта – велат од Карпош.
Оттаму додаваат дека ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


