Со матични клетки по вторпат излечен пациент заразен од ХИВ

Адам Кастиљехо од Лондон стана вториот човек на светот кој е излечен од вирусот ХИВ, пишува хрватскиот портал „Индекс“.

Како што е објавено во научното списание „Лансет ХИВ“, Кастиљехо по повеќе од 30 месеци откако е прекината антивирусната терапија, и понатаму во својот организам го нема овој вирус кој со децении однесе многу човечки животи.

Но, Кастиљехо не е излечен благодарение на лекови против ХИВ, туку на терапија со матични клетки која ја добивал затоа што во исто време болувал од рак.

Донаторите на тие матични клетки имаат невообичаен ген кој им дава заштита против ХИВ, па така нивните станици го заштитиле и 40-годишниот маж од Лондон, кој одлучил да го открие својот идентитет бидејќи сака да стане „амбасадор на надежта“.

Првата личност која беше излекувана од ХИВ е Тимоти Браун, попознат како „берлинскиот пациент“. Тој е излекуван во 2011 година, три и пол години откако поминал слична терапија.

Изгледа дека трансплантираните матични клети кои се отпорни на ХИВ-от ја запираат можноста вирусот да се размножува во телото.

Професорот Равиндра Кумар Гупта, водечки истражувач на универзитеот во Кембриџ, за Би-Би-Си рече: „Ова речиси сигурно претставува лек за ХИВ“.

– Нашите наоди покажуваат дека успехот на трансплантација на матични клетки како лек за ХИВ, што првпат е забележано пред девет години кај берлинскиот пациент, може да се повтори – констатира професорот Гупта.

Но, оваа метода не може да се користи за сите луѓе ширум светот кои живеат со ХИВ бидејќи е високоризична. Професорот вели дека може да се користи само како последно упориште за пациенти со ХИВ кои исто така имаат малигни болести кои се опасни по живот.

Моментално достапните лекови за ХИВ и понатаму се доволно ефикасни за пациентите да можат да живеат без проблеми и да водат нормален живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот