Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

Измените и дополнувањата на Законот за пасишта влегуваат во завршна фаза. На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог за измени и дополнувања на Законот за пасиштата.

Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој Закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата.

Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот на разгледување на овие измени и дополнувања и да ги остават своите коментари за подобрување на содржината на овој пропис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот