Снајперист пукал во минувачи на „Булеварот на славните“ во Холивуд

Обожавателите се собрале на „Булеварот на славните“ во Холивуд покрај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез кога околу 19 часот во нив почнал да пука непознато лице од снајпер/ Фото: МИА

Снајперист пукал во случајни минувачи во Холивуд додека обожавателите се собрале кај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез.

Нема повредении, а напаѓачот е уапсен, јавуваат тамошните медиуми.

Обожавателите се собрале на „Булеварот на славните“ во Холивуд покрај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез кога околу 19 часот во нив почнал да пука непознато лице од снајпер.

Напаѓачот пукал од прозорецот на неговата зграда.

Сведоците кажале дека виделе некој како држи оружје на прозорецот, неколку минути откако напаѓачот почнал да пука.

Мотивот се’ уште не е познат.

Областа беше евакуирана, а полициски хеликоптери го прелетаа булеварот во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот