Смртоносниот напад со нож во Вирцбург имал исламистички мотив

Исламистички мотив, веројатно, се крие зад нападот со нож на 25 јуни во германскиот град Вирцбург, во кој беа убиени три лица, а седуммина други минаа со тешки повреди, јавија денеска германските обвинители.

„Веројатно ќе има исламистичка основа за злосторствата”, се наведува во соопштението на Обвинителството во Минхен.

Сторителот двапати извикал „Алах акбар”, арапска фраза што значи „Бог е голем”, а која често пати се поврзува со исламистичките милитанти повици што ги користат напаѓачите, соопштија германските власти повикувајќи се на сведоци. 

Нов напад во Германија: Маж прободел двајца минувачи со нож и избегал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот