Словенија ги објави новите мерки

Словенија ковид
Словенија за време на пандемијата Ковид-19/ Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Валидноста на негативниот тест за влез во Словенија од понеделник ќе биде пократок отколку што беше досега, предвидува новиот протокол на Владата, која реагираше на забрзаното проширување на варијантата омикрон, пишува СТА.

Валидноста на негативниот ПЦР тест при влез во Словенија ќе биде скратен на 48 часа, а брзиот антиген тест 24 часа од земањето на брисот.

Исто така, со новите мерки, кои стапуваат на сила од понеделник, ќе се променат условите за користење на јавниот превоз, така што ќе биде дозволено да го користат само лица кои се вакцинирани, го прележале вирусот или имаат негативен тест, а при тоа мора да носат заштитна маска.

Бројот на патници во седиштата е ограничен во возовите и автобусите, а потребно е растојание меѓу патниците на местата за стоење, а организаторите на превозот, односно јавните сообраќајни претпријатија се задолжени за контрола и спроведување на протоколот.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4.469 нови случаи, речиси 3.000 повеќе од пред седум дена, а епидемиолозите стравуваат дека со ширењето на варијантата омикрон, која станува доминантна, бројот на дневни инфекции во врвот на новиот бран може да се зголеми на 10 000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот