Славко Винчиќ/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампионите

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ја доби задачата да го суди финалето во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Натпреварот за титулата во ЛШ оваа сезона ќе се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон на 1 јуни.

Винчиќ никогаш не му судел на шпанскиот гигант, а беше „среќен“ за Дортмунд на дуелот против Атлетико за пласман на Германците во четвртфиналето.

Оваа сезона во ЛШ Словенецот беше главен судија и на мечевите Лацио – Атлетико (1:1), ПСЖ – Милан (3:0), Наполи – Брага (2:0) и Баерн – Лацио (3:0).

Инаку за Винчиќ ова ќе биде второ европско финале, пред две години го судеше финалниот меч во Лигата на Европа во кој Ајнтрахт Франкфурт триумфираше по пенал серијата против Глазгов Ренџерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот