Словенечкото „вселенско“ мени забележано во Хјустон: Студенти од Љубљана го направија третиот најдобар појадок во НАСА

Фото: EPA

Словенечките студенти го направија третиот најдобар појадок на кулинарскиот натпревар „NASA HUNCH“, каде што се натпреваруваа како единствена неамериканска екипа во финалето.

Нивното мени се состоело од јачменова каша, многу често јадење во Словенија, во комбинација со суви круши, ореви и чадено тофу, пренесува Словенечката информацивна агенција.

Словенечкиот тим бил составен од двајца студенти од Љубљана, кои се на специјалистички студии по наука за храна, и нивните ментори.

На годинашниот натпревар натпреварувачите, студенти по кулинарство, мораале да подготват солен појадок со барем еден зеленчук. Натпреварувачите морале да почитуваат и строги правила за хранливата вредност на јадењата, а тимот од Словенија морал да ги добие сите потребни состојки во Хјустон поради строгите царински правила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот