Лисица го преминала Атлантикот / Фото: Facebook / Bronx Zoo

„Слеп патник“: Лисица го преминала Атлантикот во товарен брод, патувала 5.400 километри

Една лисица незабележано се протнала во товарен брод во англискиот град Саутемптон и стигнала до Њујорк, каде што била сместена во зоолошката градина во Бронкс, пренесува „Гардијан“.

Властите во зоолошката градина изјавија дека првите прегледи покажале дека лисицата е во добра состојба. Засега не е јасно како мажјакот од видот црвена лисица успеал да се качи на брод што превезувал автомобили и како „слеп патник“ поминал патека подолга од 5.400 километри и стигнал до источниот брег на САД и Њујорк.

Бродот испловил од Саутемптон, Хемпшир на 4 февруари и се закотвил во пристаништето на Њујорк и Њу Џерси на 18 февруари.

Помошникот комесар на царината и граничната заштита на САД, Дајана Сабатино, напишала на мрежата „Икс“ дека пристанишните службеници го пронашле „лукавиот слеп патник“ и дека експертите за земјоделство се координираат со Службата за риби и диви животни за да најдат нов дом за лисицата во зоолошката градина во Бронкс.

Се проценува дека лисицата е стара две години и тежи пет килограми. Директорот на програмите за животни во зоолошката градина, Кит Ловет, рече дека лисицата се чини дека се чувствува добро по сè низ што поминала.

Долгорочен дом за ова животно ќе се најде откако ќе помине дополнителни здравствени прегледи. Лисицата во ветеринарниот центар на зоолошката градина се храни со овошје и зеленчук, протеини и специјални бисквити.

Видот, познат под латинското име „вулпес вулпес“, е широко распространет во Европа, Азија, Северна Америка и делови од Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот