Славниот германски клуб на апарати: Хамбургер не влезе во Бундеслигата и ги губи спонзорите

EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Откако пропушти неверојатна можност да се вратат во најсилната германска лига, клубот се соочува со последиците.

Хамбургер на неверојатен начин ја прокоцка шансата да остане во игра за пласман во Бундеслигата. Имено, во последното коло кое го играа на домашен терен на фудбалерите на Хамбургер им беше потребен само еден бод во дуелот со „незаинтересираниот“ Сандхаузен.

Да победеа или да одиграа нерешено, тие ќе завршеа на третото место во Цвајта и ќе играа бараж за пласман во Бундеслигата и тоа против Вердер.
Наместо рутински да ја одработат задачата, фудбалерите на Хамбургер доживеаја дебакл и загубија со неверојатни 1:5 со што останаа на четвртото место кое нема никакво значење и ги остава во Цвајта.

Со киксот, славниот германски тим кој до пред две години беше единствен кој не испаднал од Бундеслигата, сега трета сезона по ред ќе ја помине во втората лига, а последиците веќе почнуваат да се чувствуваат.

Навивачите се гневни и бесни, тие се плашат клубот да не го снајде судбината на Кајзерслаутерн и Минхен 1860 кои во минатото припаѓаа во елитата на германскиот фудбал, но по секој неуспешен обид да се вратат во Бундеслигата ја губеа својата спортска и економска моќ и сега се дел од третата лига.

„Оди ли некогаш големиот Хамбургер во насока да стане просечен второлигаш“, се прашува влијателниот „Кикер“ истакнува дека јазот помеѓу првата и втората лига постојано се зголемува, а со тоа се намалуваат шансите на поранешниот германски шампион да се врати во Бундеслигата и да биде стабилен на финансиски и играчки план.

Оваа теза на „Кикер“ доби потврда откако главниот спонзор Емирати ја искористи можноста да го прекине договорот и во иднина нема да се рекламира на дресовите на Хамбургер. Покрај тоа, богатиот бизнисмен Клаус-Михаел Куне уште барем една година нема да има права на Фолкпаркстадион поради што клубот ќе загуби околу шест милиони евра.

Но, тука не е крајот на маките бидејќи и фудбалерите почнаа да го напуштаат клубот, Жоел Појанпало, Џордан Бејерн, Луис Шауб, Адриан Феин и Мартин Харник се вражаат во своите екипи по завршувањето на позајмицата, а се најавени заминувања на најмалку шест други фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот