Слатката историја на роденденската торта и дувањето на свеќички – Од каде доаѓа овој обичај за раскошен роденденски десерт!

Чоколадна, овошна, торта со глазура – неизоставен дел од многу родендени низ целиот свет. А во продолжение дознајте го историскиот аспект на роденденската торта…

Роденденските торти денес се задолжителни на повеќето роденденски прослави, а дувањето на свеќички е убав симпатичен обичај на кој му се радуваат славениците, одобено децата.

Но, дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува оваа традиција на слатки задоволства?

Долга слатка историја

На египетската цивилизација и Еѓипјаните, оние кои живееле пред 3-4 илјади години, им се препишува изумот за прославувње на родендени.

Се верувало дека фараоните на денот кога се крунисани стануваат богови, и дека тој ден „се родиле како Богови“.

Овој обичај го позајмиле Старите Грци, верувајќи дека ќе биде повеличествено доколку на крајот на роденденот се засладат со раскошен десерт. Затоа тие правеле торта што во форма на Месечината, сето тоа во чест на Артемида, божицата на Месечината.

Тие десертот го украсувале со запалени свеќички кои сјајат како Месечината. Па оттогаш започнала и традицијата за палење на свеќички.

Денешните родендени

Модерните родендени влечат корени од германскиот обичај од 18 век, т.н. „Kinderfeste“ прослави.

На утрото на детскиот роденден, детето ќе добие торта со запалени свеќи, чиј број е соодветен на бројот на неговите години. Овие свеќи ги нарекувале „светло на животот“, а биле симбол на надеж за уште една година живот.

А потоа следела маката: Тортата не се јадела се до после ручекот.

Семејството ќе ги отстрани свеќичките од тортата кои би гореле во текот на целиот ден, а во одреден момент детето ќе дувне во нив и ќе си посака желба.

Како и денес, желбата не смее да се изговори на глас.

Со оглед на тоа дека состојќите за торта биле прилично скапи, обичајот не се проширил се до времето на индустриската револуција.

Кога намирниците поевтиниле, тортите започнале да се подготвуваат и во слаткарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот