Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Слабите комунални услуги се причината зошто долж Вардар „тече“ отпад, велат од Министерството за животна средина

Министерството и Државниот инспекторат за животна средина, како што велат од МЖСПП, постојано им укажуваат на општините поредовно да ги следат состојбите со управувањето со отпад и да ги засилат инспекциите, а воедно информираат дека во моментот се подготвуваат измени на Законот за инспекциски надзор

По ужасните слики и видеа во текот на вчерашниот на кои можеше да се забележат илјадници пластични шишиња и останат отпад како пловат низ течението на реката Вардар, особено во центарот на Скопје и во Тетово, од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопштија дека тоа се должи на, како што велат, незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини.

Оттаму велат дека токму во тие рурални средини се присутни голем број диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни општините и нивните инспекциски служби.

ВИДЕО | Вардар денеска во ужасна состојба, во него наместо вода „тече“ ѓубре

Министерството и Државниот инспекторат за животна средина, како што велат од МЖСПП, постојано им укажуваат на општините поредовно да ги следат состојбите со управувањето со отпад и да ги засилат инспекциите, а воедно информираат дека во моментот се подготвуваат измени на Законот за инспекциски надзор.

Загадување на реката Вардар со пластика / Фото: Тетово инфо / скриншот

„Во моментов, Државниот инспекторат е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна контрола во оваа област.“, велат од министерството.

Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Оттаму апелираа до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка и поголема одговорност со цел да се зачува чистотата на реките и водните текови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот