Скулпторот Саздовски ја претставува Македонија во проектот „100 земји, 100 маски“: Уметниците секогаш наоѓаат инспирација, дури и во состојба на криза

Професионалните скулптори носат маски кога творат за да се заштитат од прашината создадена од нивната работа. Во оваа пандемиска криза, нивната маска ја симболизира нивната поддршка и решеност за борба против оваа болест.

Имено, Визуелни уметници од 100 земји од светот ја покажуваат својата анти-пандемиска поддршка со својата професионална лична заштита преку иницијативата „100 земји, 100 маски“. Македонија ја претставува скулпторот Сашо Саздовски. Во стилот на добротворниот концерт „Еден свет“ во сто држави на пет континенти, уметниците стојат обединети, облечени во својата професионална лична заштита за да ја покажат својата поддршка во борбата против вирусот.

-Развојот на нашата цивилизација несомнено ќе се промени, светот каков што го знаевме повеќе нема да биде ист. Вообичаено уметниците ја креираат својата уметност поттикнати од многу различни прашања, создавајќи револуција со делата. Но, уметниците секогаш наоѓаат инспирација и дејствуваат, дури и во состојба на криза. Уметникот како индивидуален креатор е секогаш во своевидна самостојност. Важно е да не го изгуби ритамот на работа и креативноста. Иако моментално паузирам во креирање на монументални дела, јас продолжувам со работа во моето студио, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, скулпторот Сашо Саздовски.

Прочитајте и...  Тачи очекува новата Влада на Косово да се формира што поскоро

Мораме да се адаптираме на новата нормалност.

-Денеска е секојдневие да се биде со маска. Протокот на воздух на маските кои ги носиме ние е прочистен. Напорно е да се носи, но ние секогаш мора да се навикнеме кон новите начини на функционирање. Како и во природата – нема да преживеат најсилните туку оние кои најдобро ќе се адаптираат, вели Саздовски.

 

Прочитај повеќе

Манчевски: Законот е јасен, доколку не се продолжи вонредната состојба, изборите треба да се одржат на 5 јули

Слободен печат

Волстрит во подем со отворањето на американската економија

Слободен печат

СЗО: Мерките треба да останат, нема докази дека вирусот се сменил

Слободен печат

Манчевски: Доколку не нè погодеше здравствената епидемја ќе го достигневме нивото на просечна плата од 30 илјади денари

Слободен печат

Гутереш ги повика на воздржаност и демонстрантите и полицијата во САД

Слободен печат

Деспотовски: Зголемениот број на заразени се должи на неодговорното однесување на поединци

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Италија опаѓа бројот на починати: Денеска 60 жртви од коронавирусот

Слободен печат

СЗО се надева дека ќе ја продолжи соработката со САД

Слободен печат

Куомо: Масовните собири може да ја загрозат борбата против коронавирусот

Слободен печат

Братот на Џорџ Флојд го осуди насилството, бара мир

МИА Агенција

Опаѓа бројот на пациенти кои се на интензивна нега во Франција

Слободен печат

Николовски: Со сопругата сме негативни на ковид-19, давам огромна поддршка за партиските другари

Слободен печат