Скубе: Ќе биде чудно да се игра против моите пријатели од Вардар!

фото: meshkovbrest.by

Годинава и Сташ Скубе го напушти Вардар 1961 и одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на белорускиот клуб Мешков Брест.

Судбината сакаше уште во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите словенечкиот плејмејкер да ги одмери силите против „црвено-црните“ со кои минатата сезона ја освои европската титула за која исто така даде значаен придонес.

Скубе најавува дека утрешниот дуел (16 септември, 18.45 часот) во Брест ќе биде посебен за него и дека најубавите години ги помина во Скопје.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 

– Ќе биде чудно да се игра против моите пријатели од Вардар во првото коло од ЛШ. Ќе биде тешко, иако сум навикнат да играм против поранешни клубови. Професионалци сме, можеме да бидеме пријатели после мечот. Контактирам со луѓето во Вардар, претходно се видовме на СЕХА Ф4 турнирот во Задар – рече Скубе за „Прессбал“, а интервјуто го пренесува и клупскиот сајт на Мешков Брест.

Словенечкиот интернационалец вели дека и покрај големите промени во актуелниот европски шампион, Вардар и натаму ќе биде опасен за сите оваа натпреварувачка сезона 2020/21.

– Вардар 1961 има многу нови играчи, рано е за заклучоци. Кога дојдов во Скопје, доживувавме порази од секого, но крајот ја освоивме Лигата на шампионите. Сегашниот Вардар нема многу ѕвезди како порано, како и да е, сигурен сум дека ќе биде опасен за сите ривали – додаде Скубе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот