Скопските кафулиња „Мош“ и „Интермецо“ повторно казнети со по 13 илјади евра поради гласна музика
Скопските кафулиња „Мош“ и „Интермецо“ повторно се казнети со по 13 илјади евра од Општина Центар поради гласна музика. Од општината велат дека ако кафулињата ја платат казната во рок од 8 дена, таа ќе биде само половина односно 6.500 евра. Ако не ја платат казната од 13 илјади евра, инспектор ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци. Инспекцијата на општина Центар спровела акција за мерење бучава по пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територијата на општината.
Препорачано
-Акциите се спроведоа на целата територија на Општината, при што беа поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец– велат од општина Центар.
Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.
Двете кафулиња последен пат беа затворени во април.


