Скопски маратон во октомври, а од денес до 15. мај виртуелна трка

Наместо редовен маратон низ улиците на Скопје, од денес до 15 мај, челниците на ова спортско натпреварување презакажано поради корона вирусот, се одлучија за виртуелно сметање на времето на учесниците.

Директорот на маратонот, Кире Синадиновски, во „Утрински брифинг“ на „СлободнаТВ“ денеска објасни како им е замислена трката.

-Има два начини на кој ќе се регистрира времето. Едната преку мобилна апликација која може да се најде на официјалниот веб сајт на Скопски маратон. Секој кој сака да трча, треба да се регистрира и самата апликација го следи трчањето и го запишува времето и патеката. Вториот начин е преку ГПС часовник и после трчањето, својот ГПС фајл го поставува на веб страната кај нас и резултат се појавува. Секој може да одбере кога и каде ќе трча во периодот од 5 до 15.мај, вели Синадиновски.

Трката нема натпреварувачки карактер, туку целта е да се почитуваат препораките а притоа да се остане активен.

-Оваа година виртуелната ја правиме на 5 км, но секој може да трча и повеќе од тие 5 и најдоброто време во тоа трчање ќе биде запишано, информираше Синадиновски.

Виртуелна трка на маратонот кој секоја година привлекува се повеќе учесници, ќе има и во октомври, затоа што некои учесници можеби нема да бидат во можност да допатуваат во Скопје.

-Кога се донесе одлука дека мораме да го поместиме маратонот, на сите пријавени им понудивме три опции: да трчаат на 4.октомври,  регистрацијата да им важи за наредната година, а и тогаш ќе има виртуелна трка од натпреварувачки карактер. Ќе зависи за странските учесници дали ќе можат да дојдат, затоа и опциите, рече директорот на Скопски маратон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот