Скопска сендвичарница лани направила промет од 5,3 милиони евра

Трите локали на најпознатата скопска сендвичарница, „Седмица“, лани направиле вкупен промет од 5,3 милиони евра, а 99 проценти од него биле од продажба на готови производи. Компанијата секоја година бележи раст на приходите и на профитот, пишува порталот „Пари“.

Ланскиот промет пораснал за 8,12 проценти на годишно ниво. Во исто време, расте заработката – нето профитот пред оданочување достигнал 1,2 милиони евра, што е за 12,1 процент подобра профитабилност во споредба со 2024 година. Добивката изнесува исклучително висок удел од вкупниот промет – бруто-профитната маржа е дури 22,6 проценти.

И движењата кај трошоците се по нагорна линија, но со побавно темпо. Лани тие се зголемиле за седум проценти, на 4,1 милион евра. Притоа, најголемиот дел од трошоците, над 61 отсто, одат на набавки на суровини и материјали, потребни за изработка на популарните производи на „7 Фаст фуд“, пишува „Пари“.

Келнерите и готвачите се најбарани: Потребни се околу 95.000 работници на Јадранот за сезоната, плати до 3.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот