Скопје и Тиквеш остануваат прволигаши

ФК Тиквеш и следната сезона ќе игра во Првата фудбалска лига/https://facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Екипите на Скопје и на Тиквеш обезбедија опстанок во Првата фудбалска лига откако во баражите беа подори од Беласица односно Воска.

На средбата што се играше Струмица, Тиквеш со 4:1 ја декласира Воска. Победата ја најавија Спахиу со голот во 12. минута и Ивановски во 17. минута. До крајот на првиот дел Емини намали на 2:1, но тоа беше се што сторија играчите на Воска.

Во второто полувреме, Љамчески во 67. минута зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Спахиу во 74. минута.

Во Штип, Скопје благодарение на двата гола на Јаневски славеше со 2:1 над Беласица. Првиот гол, Јаневски го постигна во 30. минута, а вториот што значеше опстанок го даде во 87. минута. Голот за Беласица беше дело на Рамани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот