Фото: Пинг Понг федерација на Македонија

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на најдобрите пинг-понг играчи

Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг-понг рекети, по втор пат во историјата на македонскиот пинг понг. Од 1 до 7 јуни во салата Јане Сандански во Скопје ќе се одржи така наречениот Контендер (Contender) пинг-понг натпревар од серијата World Table Tennis.
На помалку од еден месец до почетокот Словенецот Дарко Јоргиќ кој е рангиран 14-ти во светот и Сацуки Одо од Јапонија, рангирана на 12-то место, се пријавени да ги одмерат силите во Скопје, меѓу другите.

Во 2025 година за прв пат се одржа натпревар од ваков тип во Скопје, а одржувањето на два последователни зборува за сериозниот пристап на македонската пинг-понг федерација. Претходно, четири пати по ред Федерацијата организираше светски „Контендери“ во помалите категории.

Влезот за следење на натпреварите ќе биде слободен, а започнуваат во утрнските часови и ќе траат се до вечерните Во 2025 година титулата во машка конкуренција ја освои Бенедикт Дуда од Германија, додека кај жените Џиа Нан Јуан од Франција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот