Загадено во Скопје / Фото: Слободен печат

Скопјани и утрово дишат загаден воздух – во сила вонредни мерки

Загаденоста на воздухот во Скопје и утрово е на многу високо ниво. Според податоците на светскиот сервис IQAir, индексот на квалитет на воздухот изнесува 126.

Скопје повторно е втор најзагаден град во Европа, веднаш по Сараево.

Мерењата покажуваат дека на одредени мерни станици во градот вредностите се уште повисоки, со што загадувањето претставува сериозен ризик за здравјето, особено за децата, постарите лица и хронично болните.

Фото: IQAir

Вчера Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е надминат прагот на алармирање, по што беа активирани мерки и препораки за институциите и граѓаните, меѓу кои се ограничување на активностите на отворено и намалување на загадувачките извори.

Вонредни мерки поради екстремното загадување во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот