Магла и загадување во Скопје / Фото: Слободен печат - Методи Здравев
Магла и загадување во Скопје / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Вонредни мерки поради екстремното загадување во Скопје

Поради екстремното загадување во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање упати препораки до работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата повозрасни од 60 години и лицата со хронични заболувања, по препорака на матичен лекар. Се препорачува и реорганизација на работното време за лицата кои работат на отворено, со ангажман во периодот од 11 до 17 часот, како и да не се организираат спортски и културни настани на отворено.

Истовремено, Министерството воведе вонредни мерки, кои вклучуваат вонредни контроли на фабрики, зголемени контроли на техничката исправност на возилата – особено на дизел и нерегистрирани возила, како и вонредни контроли на градилиштата. Воедно, стапува во сила и забрана за горење на отворено, а инсталациите со континуиран мониторинг се задолжени да обезбедат јавен пристап до измерените податоци.

ВИДЕО | Густа магла во главниот град: И утрово Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

На повеќе мерни места во Скопје е надминат прагот на алармирање за суспендирани честички PM10. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на два последователни дена е евидентирано надминување на дозволената вредност од 150 µg/m³.

Надминувањето на прагот е регистрирано на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, при што на одделни локации среднодневните концентрации на PM10 достигнуваат и над 250 µg/m³.

Хронично болните да останат дома: Загадениот воздух ја преполни Пулмологија, алармира директорот Зафировски

Надлежните институции апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките и да го ограничат престојот на отворено, особено во утринските и вечерните часови, кога загадувањето на воздухот е најизразено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот