Скопјанец ја удирал со тупаници својата бремена девојка, ја стегнал за вратот кога почнала да вика за помош

Во текот на расправија, насилникотја удирал со тупаници и со шлаканици и тешко ја повредил, таа завршила со гребаници, отоци и со хематоми на главата и по телото.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство, соопштија од Обвинителството.

Според информациите, инцидентот се случил во дом на улицата „Рајко Жинзифов“, каде што осомничениот физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.

Во текот на расправија, тој ја удирал со тупаници и со шлаканици и тешко ја повредил, таа завршила со гребаници, отоци и со хематоми на главата и по телото.

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Од Обвинителството наведуваат дека жртвата викала за помош со намера да ја слушнат соседите, но тоа, според наводите, дополнително ја зголемило агресијата на осомничениот. Во еден момент тој ја притиснал за вратот обидувајќи се да ја замолчи. За да успее да излезе од домот, таа го убедила да тргнат на преглед кај гинеколог.

Додека се движеле со автомобил по булеварот „Св. Климент Охридски“, на семафорите жртвата успеала да избега од возилото и да влезе во кафуле, каде што побарала помош. Со позајмен телефон веднаш го пријавила случајот во полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, меѓу кои редовно јавување кај надлежен орган, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот