Скола со дебакл во пензија, Австралија закажа дуел со САД

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

На кошаркарскиот турнир во Токио се одигра и последното четвртфинале во кое Австралија ја декласираше Аргентина со резултат 97:59 и на тој начин се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри.

Легендарниот Луис Скола на тој начин со дебакл ја заврши репрезентативната кариера, на крајот мечот го заврши со седум поени, паркетот го напушти во солзи.

Во својата кариера со аргентинската селекција има злато на Игрите во Атина (2004) и бронза на ОИ Пекинг 2008.

Во победничките редови за „кенгурите“ доминираше Милс со 18 поени, а кај „гаучосите“ Лавровитола запиша 16 поени.

Австралијците за пласман во големото финале ќе играат против САД, а во второто полуфинале ќе играат Франција и Словенија.

Дончиќ продолжува да блеска во Токио, САД го елиминира светскиот шампион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот