Скола блеска и на 41 година, четвртфинале за Аргентина во Токио

Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Селекцијата на Аргентина со убедлива победа над домаќинот Јапонија го обезбеди местото меѓу осум најдобри на кошаркарскиот олимписки турнир во Токио.

Во рамките од групата „Ц“ Аргентинците триумфираа со 97:77 и како третопласирани се пласираа во четвртфиналето.

Луис Скола пред неколку месеци го прослави 41 роденден, но и натаму блеска на терените, овојпат во победата на „гаучосите“ забележа „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 10 скокови.

На спротивната страна за азискиот претставник доминираше Јудаи Баба со 18 постигнати поени.

Познати се сите учесници во четвртфиналето, тие се Франција, САД, Австралија, Италија, Словенија, Шпанија, Аргентина и Германија.

Пред жрепката за елиминациските борби, во првиот шешир ќе бидат Франција, Австралија, победникот меѓу Словенија и Шпанија, и САД, а во вториот шешир се Италија, поразениот од Словенија и Шпанија, Аргентина и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот