Скокна цената на такси-превозот во Скопје

Такси превоз / Фото: Архива

Советот за сообраќај на Град Скопје определи три тарифи за такси-превозот во град Скопје, а по која ќе се наплатува, ќе зависи од тоа дали цената на бензинот ќе расте или ќе се намалува. За тарифите треба да се произнесат советниците на наредната седница на Советот, која треба да се одржи на 11 јули, откако претходната беше прекината.

Оттаму појаснуваат дека првата тарифа е старата, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората тарифа е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што ќе биде, всушност, и новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа е 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час

Овие три тарифи веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.

-Цените во предложените тарифи се оптимизирани со цените на горивата, при што предвид се земени и финансиската моќ на корисниците на услугите, пазарните услови, општата економска состојба на државата, како и финансиската исплатливост во дејноста – се наведува во образложението на предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за автотакси-превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и се додава дека причина за пристапување кон предложените измени е зголемувањето на цената на горивата, како и официјалните барања доставени до Град Скопје од страна на такси-компании и здруженија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот