Алпи/Илустрација-фото: Freepik

Скијање на Алпите за само 400 евра: Омилено место за љубителите на зимските спортови, без метеж и со пристапни цени

Ла Норма, скијалиште во француските Алпи, нуди повеќе од 65 километри уредени патеки, одличен снег и автентична планинска атмосфера и тоа по многу поповолни цени во споредба со познатите и елитни ски-центри. Со повеќе од 300 скијалишта и некои од најголемите и најмодерни ски-региони во светот, Франција важи за една од водечките дестинации за зимски туризам.

Разновидните патеки, сигурните снежни услови, современите жичници и богатата понуда на сместување ја прават идеален избор и за семејства, авантуристи, но и за поискусни скијачи.

Сместено во француските Алпи, во долината Морјен, скијалиштето Ла Норма е одлична дестинација за сите што бараат комбинација од пристапни патеки, автентична планинска атмосфера и удобност за целото семејство.

Со повеќе од 65 километри уредени ски-патеки, адаптирани за сите нивоа, од почетници до искусни скијачи, Ла Норма важи за еден од „скриените бисери“ на француските Алпи. Посетителите ги освојува со природната убавина, добрите снежни услови и пријатната, опуштена атмосфера, пишува „Каматица“.

Без пренатрупани гондоли и метеж на патеките, ова скијалиште нуди вистинска зимска оаза, мир, свеж планински воздух и глетки што оставаат без здив.

Една од најголемите предности на Ла Норма се и пристапните цени. Може да се најдат аранжмани кои вклучуваат сместување, автобуски превоз од Белград и ски-карта за околу 400 евра. Цените на храната и пијалаците се пониски во споредба со многу популарни скијалишта, па дури и во однос на Копаоник.

Некои од цените на пијалаците во Ла Норма

Домашни сирупи ( нане, јагода, лимон, праска, јачмен): 4,00 евра

Сируп со вода: 2,50 евра

Кока-Кола (обична, zero, cherry): 4,00 евра

Орнажина: 4,00 евра

Оасис тропикал: 4,00 евра

Ладен чај: 4,00 евра

Периер: 4,00 евра

Швепс (обичен или цитрус): 4,00 евра

Овошни сокови (јаболко, портокал, ананас, кајсија): 4,00 евра

Лимонада: 4,00 евра

Вода (негазирана или газирана): 4,50 евра

Додаток на сируп или парче лимон се наплаќа 0,50 евра.

Рд Бул чини 5,00 евра.

Еспресо: 2,00 евра, двоен еспресо 3,50 евра, макијато 2,50 евра, продолжено еспресо 2,50 евра, капучино и топло чоколадо 4,00 евра.

Ирско кафе: 9,00 евра.

Варено вино на патека: 5,00 евра, чај 3,50 евра.

Чаша бело вино од Савоја: 4,00 евра,

Chignin Bergeron Jean Vullien: 7,00 евра,

Le Sudiste Chardonnay: 6,00 евра.

Храна на ски-патеките

Понудата на храна е разновидна, но главно се базира на брзи оброци. Помфрит (мешавина од компир и батат) чини 5,00 евра, а пилешки медалјони 5,50 евра.

Голем тост-сендвич е околу 7,00 евра, додека сендвич со пилешко и свежа салата чини 7,90 евра.

Pulled pork (цепкано свинско), кебап, козјо сирење со зеленчук, пилешко со кари, колбаси и сирење се во сличен ценовен ранг.

Баровите на патеките нудат и комплетен оброк по цена од 13,50 до 14,40 евра, кој најчесто вклучува сендвич или панини, помфрит и пијалак во лименка.

Печено домашно пилешко, кое мора да се резервира однапред, чини 21,90 евра.

Pierrade – специјалитет од месо подготвено на врел камен (говедско, пилешко, патка) – чини 10,00 евра по лице.

Јадењето на денот е 10,50 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот