Скарлет Јохансон работи на „строго таен“ проект на „Marvel“

Кевин Фиџ и Скарлет Јохансон/EPA
Кевин Фиџ и Скарлет Јохансон/EPA

Претседателот на „Marvel Studios“, Кевин Фиџ, истакна дека во овој проект актерката ќе се појави во улога на продуцент, одбегнувајќи да открие повеќе детали за соработката.

Скарлет Јохансон, која во Марвеловиот кинематски универзум е позната како Black Widow, работи на нов „строго таен“ проект на „Marvel“ кој воопшто не го вклучува нејзиниот претходен лик, Наташа Романов.

Скарлет Јохансон, „Black Widow“/Twitter
Скарлет Јохансон, „Black Widow“/Twitter

Оваа информација ја потврди претседателот на „Marvel Studios“, Кевин Фиџ, за време на гала вечерта на American Cinematheque, потенцирајќи дека следниот проект на студиото и актерката е сосема одвоен од „Black Widow“. Фиџ истакна дека во овој проект Скарлет Јохансон ќе се појави во улога на продуцент, одбегнувајќи да открие повеќе детали за соработката.

– Скарлет ги споделуваше својот талент и ѕвездена моќ со „Marvel“ повеќе од 10 години. Благодарен сум што избра да преземе толку значајна улога низ годините. Работата со неа навистина беше најнезаборавниот и најпродуктивниот дел од мојата кариера. – се дел од пофалните зборови на Фиџ за актерката.

Земајќи предвид дека Јохансон поднесе тужба против „Disney“ минатиот јули, поради прекршувањето на договорот од страна на компанијата со „Black Widow“ и финансиската загуба како последица од истовременото прикажување на филмот во кината и на „Disney+“, оваа одлука на „Marvel“ да работи со Јохансон е извонредна, и ја потврдува изјавата на Hollywood Reporter дека подоцна двете страни постигнале договор.

Во интервју за Variety, Скарлет го сподели нејзиното искуство со тужбата против „Disney“.

– Кога правите нешто за прв пат и се чувствувате како да сте на непозната територија, тоа е малку застрашувачки. Имав многу сомнежи, но во исто време, се чувствував како да се залагам за она што е правилно, и сега, никој никогаш повеќе нема да мора да се занимава со тоа. Така што тоа прави да се чувствувам дека процесот вредеше со сигурност. – изјави Сакрлет.

Во последните две години, актерката доби две номинации за Оскар, за улогито во филмовите „Marriage Story“ и „Jojo Rabbit“, за конечно да се појави во улога на актер и извршен продуцент на нејзиниот долгоочекуван самостоен проект „Black Widow“.

– Снимањето на „Black Widow“ беше еден од најважните моменти во мојата кариера. – сподели Јохансон. – Сакав да доаѓам на работа секој ден работејќи со мојата режисерка од соништата, Кејт Шортленд, и со неверојатна екипа актери. Се чувствував толку среќна и благодарна секој ден. – открива Јохансон.

Засега, деталитете за нејзиниот „таен“ проект се сè уште непознати, но нејзината возбуда, како и возбудата на љубителите на „Marvel“ за 2022/23 година сè повеќе расте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот