Скарлет Јохансон е бремена по вторпат

скарлет јохансон

За тоа дека актерката Скарлет Јохансон (36) е бремена почна да се шпекулира откако прескокна неколку промоции на филмот „Црна вдовица“.

„Таа не присуствуваше на многу интервјуа и забави, што е многу чудно бидејќи, освен тоа што глуми во филмот, таа е и извршен продуцент“, изјавил еден извор. Наместо тоа, Скарлет се појавила преку Зум, а во емисијата „Вечерно шоу“ на Џими Фелон, во кадарот не се гледало целото нејзино торзо, туку била снимена само од рамениците нагоре.

„Таа и Колин се пресреќни. Наскоро ќе се породи, но навистина се обидува тоа да го чува во тајност“, рекол изворот.

Извор од Хемптонс, каде актерката инаку летува, изјавил дека Скарлет оваа година е особено мистериозна. „Обично во текот на летото можеме да ја видиме како ги шета кучињата и пие кафе, но оваа година се чини дека се крие“, рекол тој.

скарлет јохансон
ФОТО: Profimedia

Скарлет од првиот брак има ќерка Роуз (6). Таа се омажи за Колин Џост (39) во тајност во 2020 година, на интимна церемонија со своето семејство и најблиските пријатели, по тригодишна врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот