Скариоло: Знаевме дека Симиќ е талентиран играч, Барселона не инвестира без причина во играчи

Убави зборови од шпанскиот селектор за Теодор Симиќ/. фото: EPA-EFE/Andrzej Grygiel

Селекторот на шпанската репрезентација, Серџио Скариоло, е заодоволен од победата на неговите кошаркари над Македонија на стартот од квалификациите за СП 2023.

Иако Скариоло не настапи со најсилниот состав (во квалификациите игра без кошаркарите од Евролигата и НБА), Шпанија оствари убедлив триумф над десеткуваната и подмладена Македонија од 65:94. Шпанскиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот изјави и дека младиот Симиќ кој беше најдобар во редовите на Македонија има голем потенцијал.

– Ова е само почеток, прв натпревар, имавме играчи кои денеска дебитираа, задоволен сум од она што оние најмладите го покажаа, но пред нас се нови предизвици во овој квалификациски циклус. Нашата одбрана беше многу добра во голем дел од мечот, го задржавме противникот на слаб просек во шутот од поле. Не погодивме бројни отворени шутеви, но добро е што создадовме такви ситуации, тоа ме радува. Знаевме дека Симиќ е талентиран играч, Барселона не инвестира во играчи тукутака. Мислам дека му недостига мускулна маса за да може да се носи со ривалите на својата позиција, но во секој случај поседува голем потенцијал. Тој веќе е квалитетен играч, но му треба повеќе сила за да може уште повеќе да напредува – изјави Скариоло.

.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот