СКАНДАЛОЗНО: Албански тренер тепа и пцуе млади фудбалери бидејќи изгубиле натпревар (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Шокантно видео кружи на социјалните мрежи, на кое се гледа еден од поранешните тренери и поранешни членови на техничкиот персонал на албанскиот фудбалски тим на Лач У-17, Ндуе Таражи, кој по ред ги тепа своите играчи по изгубен натпревар.

Екс-тренерот лут на своите играчи, додека им кажува кој бил виновен за време на мечот, почнува да ги удира малите играчи кои седат пред него. Во еден момент, еден од играчите не можеше да издржи повеќе и станува од местото. Снимките се навистина засрамувачки, јавува Лајми.нет.

Додека ги удира младите фудбалери тренерот се слуша како употребува и срамни зборови.

Поради ова видео, поранешниот тренер кој е на 77 годишна возраст денеска е притворен. Според Топ Чанел, видеото е направено во 2016 година кога Таражи бил тренер на фудбалскиот клуб Лачи.

– Не ви е срам, нечесници, кловнови. Сакате да играте фудбал во Лач. Кучиња. Дали ви реков да влезете со менталитет на победник – се слуша како вели поранешниот тренер меѓу другото.

Видеото кое го пренесува Лајми.нет можете да го погледнете тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот