Скандалозна изјава на селекторот на Канада: Одиме да ја е*еме Хрватска!

Фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Канада вчера одигра одличен натпревар, иако изгуби од Белгија (0:1) оваа селекција ги освои симпатиите на јавноста. По натпреварот со Белгија во центарот на вниманието се најде селекторот на Канада Џон Хердман.

Хердман даде вулгарна изјава во која не покажа ниту малку почит за репрезентацијата на Хрватска која е актуелен вицешампион од Мундијалот во Русија.

„Моите фудбалери докажаа дека заслужуваат да бидат дел од Мундијалот и тоа им го кажав веднаш по завршувањето на натпреварот. Продолжуваме каде што застанавме, сега одиме да ја е*еме Хрватска“, изјави Хердман пред новинарите.

Канада и Хрватска во второто коло ќе се сретнат во натпревар в недела (27. ноември). Ќе потсетиме, Хрватска во првиот натпревар на Светското првенство ремизираше против Полска (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот