Скандал во ПСЖ: Нејмар се степал со спортскиот директор?!

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Бразилскиот фудбалер Нејмар се степал со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос во соблекувалната, пренесуваат француските медиуми.

Непосредно пред оваа информација стигна веста дека Меси, Верати и Мбапе ќе бидат спремни за осминафиналниoт натпревар против Баерн во вторник од 21:00 часот, сепак набрзо фокусот се насочи кон информацијата за Нејмар.

Нејмар и Луис Кампос влегле во конфликт по поразот на ПСЖ од Монако со 1:3. На тој натпревар ПСЖ беше ослабен, но се очекуваше да освои три бода.

„Светците“ одиграа лошо, што го покажува и резултатот и тоа му засметало на директорот Кампос. Критиките од Кампос, Нејмар не ги поднел најдобро и реагирал пред сите во соблекувалната, наводно дошло и до физички контакт.

Прв кој скокнал да ги разделува бил сонародникот на Нејмар, Маркињос, а потоа станале и останатите. Очигледно нешто во ПСЖ не е како што треба, тоа го покажуваат и резултатите од почетокот на годината, пред поразот од Монако доживеаа е и елиминација од Купот од Марсеј.

ВИДЕО | Лига 1: Монако му одржа лекција на ПСЖ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот