Скандал во белорускиот фудбал: Одземена му е титулата на ланскиот шампион Шахтјор Солигорск

фото: fcshakhter.by

Како што е објавено на сајтот на Фудбалската федерација на Белорусија, одземена му е титулата на Шахтјор од Солигорск освоена во 2022 година. Како првак е прогласен БАТЕ Борисов (кој заврши како трет) и кој е веќе сместен меѓу носителите за првото квалификациско коло во ЛШ за следната сезона.

Воедно клубот од Солигорск е казнет со одземање 50 бодови, во тековната сезона ќе му бидат одземени 30 бодови, а во 2024 година 20 бодови, а причината е местење натпревари. Шахтјор Солигорск доби и парична казна од 134.160 илјади евра.

За истиот прекршок беа казнети уште два клуба. Енергетик со 26.880 евра, 20 минус бодови во тековната сезона и 10 во следната сезона. Потоа Белишина, 26.880 евра, 10 бода во тековната сезона и пет во следната сезона.

Оваа одлука е донесена од дисциплинските и етичките органи на федерацијата врз основа на истрагата на Истражниот комитет на Белорусија. Според истрагата, минатата година управата на Шахтјор организирала местење натпревари за време на националниот шампионат, а другите водечки клубови добиле незаконски стимулации.

Моментно Шахтјор Солигорск е на делба на четвртата позиција во белоруската лига со 13 бода по шест одиграни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот