Скандал: Најдобрите македонски ракометни судии обвинети за местење натпревари!

Ново признание за најдобрата македонска ракометна судиска двојка/ фото: EPA/EFE

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се обвинети за местење натпревар во период од 2016 до 2017 година.

Имено, „ТВ2“ го пренесува извештајот на „Спортрадар“ во кои се посочени осум судиски двојки кои делеле правда на сомнителни натпревари. Станува збор за вкупно 26 натпревари од највисоко ниво како Лига на шампиони и репрезентативни натпревари.

Начевски и Николов суделе на два од овие 26 натпревари кои се под сомневање дека биле наместени. Обвинувањата се поголеми за Начевски за кои се истакнува дека бил поврзан со криминални организации и лица со историја на местење натпревари.

„Истражувачкиот служби детектирале дека судијата Ѓорѓи Начевски има конекции со групи организирани за криминал“, се наведува во извештајот.

Во текстот се наведува дека македонската судиска двојка добила можност за коментар на овие обвинувања, но одбиле да дадат изјава.

ЕХФ се огласи: Обвинувањата кон македонските судии се неосновани и без докази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот